Прегазен е велосипедист во Тетово

by irena 14:24
14:24

МВР информира дека вчера попладне во 15:02 часот во СВР Тетово е пријавено дека на кружниот тек на бул „Илинденска“ со бул „Благоја Тоска“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистерски ознаки, управувано од И.Р.(68) од Тетово и велосипед управуван од Б.С.(39) од Тетово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.С., констатирани во Клиничката болница Тетово.

Увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово.

Слични вести