Правда за Магдалена

by Фокус

Откако Ангелче избега се криеше дваесет и четири часа во селска плевна во едно од околните планински села, по што добива информација дека е баран и бега во околните планини и уште еден ден се крие во пештера. Веројатно притиснат од немањето храна и свежа вода, Ангелче се предава на полицијата, по што бива изнесен пред јавен обвинител.

Пишува: Јанаки МИТРОВСКИ

Вчера се оддржа судењето на Ангелче Николов кој во декември месец брутално ја прегази единаесетгодишната Магдалена Иванова во Велес и ја усмрти на лице место, а нејзината мајка Емилија ја остави со тешки телесни повреди. Наместо да застане како секој нормален човек и да се обиде да помогне колку знае и умее, Ангелче избега и ја остави малата Магдалена, небаре е куче скитник, а не нечија единствена рожба.

Откако Ангелче избега се криеше дваесет и четири часа во селска плевна во едно од околните планински села, по што добива информација дека е баран и бега во околните планини и уште еден ден се крие во пештера. Веројатно притиснат од немањето храна и свежа вода, Ангелче се предава на полицијата, по што бива изнесен пред јавен обвинител во Основното Јавно Обвинителство Велес.

Голготата на семејството Иванови со загубата на единственото дете е непоимлива. Самиот сум родител на две деца и првпат кога бев во нивниот дом, покрај што изразив сочуство, кажав дека разбирам како им е и без да имам намера ги излажав. Не разбирам, ниту искрено сакам некогаш да бидам во состојба да треба да разберам како му е на ова скромно и чесно македонско семејство.

На Ангелче очекувано му се одреди мерка притвор и истрагата започна. Уште од самиот старт барав и притискав, освен за Ангелче, да се отвори постапка и за тројцата негови сопатници со познат идентитет, како и да се истражува во насока на утврдување на идентитетот на селаните кои го криеле два дена сторителот. За жал, бев убедуван од обвинител Славица дека нема докази за нив и дека не може да се утврди кој го криел Ангелче во селото.

Дојде и денот за судењето и очекувано Ангелче призна вина. Наводно му било многу жал, се каел и се извини. И на самото судење во завршни зборови реков дека судот е должен само признанието да го цени додека дали се кае е субјективна процена на судот, бидејки на очиглед на сите обвинетиот ги искажа зборовите без тронка емоција, немаше плач во гласот, фацијална експресија, не пушти ни солза, па отворено се сомневав и се сомневам дека единственото каење на обвинетиот е што се соочува со казна затвор. Притоа, ЛАЖЕШЕ дека се самопријавил поради неговата совест, а му требаа цели два дена да си ја најде.

На скандалозен начин и во обид да се испере пред јавноста, Јавниот Обвинител Славица се обиде да ме шиканира, осврнувајки се на тоа зашто нема кривичен прогон за селаните кои го криеја како и за сопатниците кои се вратија на лице место, а не сакаа да го откријат идентитетот.

Па така, ЈО Славица кажа дека обвинителството не било рекла-казала или фејсбук институција, јасно алудирајки на моето алармирање преку социјални мрежи. Единствено мојата почит кон судијките Габриела и Валентина, кои се одлични судии, ме спречија да реагирам како што знам и умеам бидејки одамна сум се решил дека нема да дозволам никој да ме гази.

А да се концентрираше колешката ЈО на предметот колку што ми дреме по социјални мрежи можеби немаше да и промакне погрешната квалификација на повреди за мајката на детето, каде лекарот со две фрактури ги квалификува како телесни, а не тешки телесни повреди.

Постои посебно кривично дело Помагање на сторител во извршено кривично дело казниво по член 365 од Кривичниот законик по кој треба да одговараат тројцата сопатници и селаните, и не е точно дека нема како да се открие кој го криел. Тоа што обвинетиот кој наводно се кае, не сака да открие кој го криел и да донесе барем малку мир кај смеејството, не значи дека методи нема. Едноставно вештачење на неговиот телефон со компјутерска прецизност ќе утврди каде и кога бил.

Поради неактивноста на ЈО Славица поднесов кривична пријава, која поради моја грешка, ќе ја прецизирам кога на 17.03. во 12.00 часот е закажана објавата на санцкијата која ќе ја добие обвинетиот. За мене лично, согласно околностите, ниедна санкција која нема да биде изрзена со двоцифрена казна затор нема да биде исправна, додека за семејството Иванови ниедна санкција нема да биде сатисфакција.

А ЈО Славица им тура сол на рана кога не сака или не знае да постапува во насока на казнување и на останатите учесници!

Поврзани новости