Пожарот што попладнево избувна во објект кај местото „Рампа“ во Кисела Вода е локализиран, објави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Пожарот, како што вели Ѓорѓиевски, бил ставен под контрола во рекордно време, благодарение на брзата, храбра и професионална интервенција на Противпожарната бригада на Град Скопје.
-Со тоа беше спречено негово проширување кон околните објекти и избегната е поголема трагедија. Фала Му на Бога, жртви нема. За жал, еден пожарникар е повреден при интервенцијата и веднаш е пренесен на клиника. Му посакувам брзо закрепнување и изразувам огромна благодарност за неговата пожртвуваност – вели Ѓорѓиевски
Од Дирекцијата за заштита и спасување претходно информираа дека е запален магацин или друг простор кај бараките во близина на Пазарната инспекција.
-Од запалениот објект се слушаа пукотници, најверојатно од електрична енергија. Црниот чад се гледа од далеку – рече Стојанче Ангелов, директор на ДЗС.
При гаснењето на пожарот интервенираа повеќе екипи на Противпожарната бригада на Град Скопје.