Пожарникар повреден при гаснење пожар во депонија во Визбегово

by irena 17:28
17:28

Пожарникар од Скопската противпожарна бригада е повреден откако учествувал во гаснење на пожар на дива депонија во селото Визбегово каде дошло до ненајдена експлозија.

РЦУК информира дека пожарникарот се здобил со повреди на ногата и увото и е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Неговата состојба е стабилна и тој е надвор од животна опасност.

– Причината за експлозијата сè уште не е утврдена. Според првичните претпоставки, можно е да станува збор за експлозија на боца под притисок, велат од ЦУК.

Слични вести