132
Во полициски акции спроведени во изминатото деноноќие низ државата, приведени се повеќе лица кај кои била пронајдена дрога, соопшти МВР.
Во селото Дебреше, гостиварско, полицијата привела тројца жители на Гостивар откако при преглед на возило била пронајдена марихуана. Во Маврови Анови, при контрола на друго возило, кај едно лице била пронајдена марихуана во ранец.
Во Скопје, на подрачјата на Бит Пазар, Аеродром, Ѓорче Петров и Градски парк, биле лишени од слобода повеќе лица кај кои биле пронајдени марихуана и други сомнителни материи. Едно лице било приведено и во Битола.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.