Пожар над Штип

by irena 22:28
22:28

Голем пожар беснее над градот Штип. Зафатени се ридови со трева и грмушки. Видливи се големи огнени јазици.

На терен се екипи на Територијалната противпожарна единица на Штип кои интервенираат со сите расположливи средства. Засега нема информации за повредени.

Пожарот почнал попладне од удар од гром над викенд населбите Плуждино и Новакова чешма, по што се проширил кон ридовите над градските гробишта во Штип.

Градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов најави вонредна прес-конференција на која ќе информира за справувањето со пожарот и евентуалните ризици по населените места.

Слични вести