Фудбалските репрезентации на Англија и Аргентина ќе се сретнат во полуфиналето на Светското првенство вечерва во 21:00 часот по македонско време.
Ова е жесток дуел меѓу две земји кои не се поднесуваат, главно поради војната за Фолкландските Острови во 1982 година.
Нетрпеливоста меѓу Аргентинците и Англичаните отворено се истакнува во нивните медиуми, а за оваа тема се огласи и потпретседателката на Аргентина, Викторија Виљаруел.
„Денес играме против узурпаторски пирати. Ова не е обичен натпревар. Нема да бидам политички коректна ниту рамнодушна. Во дуелите со Англија секогаш има нешто повеќе од обичен фудбал. Мораме да ги запреме агресорите. Напред, Аргентина! Ќе се бориме за она што е наше до последниот здив“, напиша таа.
Овие две земји водеа војна во 1982 година за Фолкландските Острови, кои се наоѓаат источно од брегот на Аргентина, во Атлантскиот Океан.
Англичаните победија во таа војна. Загинаа 649 аргентински и 255 британски војници.
Аргентинците сметаат дека имаат право на Фолкландските Острови, и токму тука нивните ставови и оние на Англичаните се разминуваат – најблаго кажано.
Според референдумот од 2013 година, жителите на Фолкландските Острови сакаат да останат под власта на Велика Британија – 99,8 отсто од нив гласаа за таа опција.