Поранешен лидер во Молдавија доби 19 години затвор

by irena 22:24
22:24

Поранешниот влијателен бизнисменот и политичар во Молдавија – Владимир Плахотњук е осуден на 19 години затвор поради серија финансиски кривични дела, вклучително измама и перење пари.

Пресудата, донесена денеска доаѓа по долга истрага и судска постапка што ја следи јавноста во земјата.

Судот утврдил дека Плахотњук е виновен и за организирање и водење криминална група, додека обвинителството претходно побарало построга казна од 25 години затвор.

Според пресудата, тој има право на жалба, а паралелно против него се водат и дополнителни истраги поврзани со фалсификување документи и користење повеќе идентитети.

Случајот се поврзува и со документи запленети од грчките власти во објект во Атина, кои, според истражните органи, укажуваат на обид за прикривање на идентитет и активности.

Слични вести