Митовски контра СДСМ – бара прво анализа, а не веднаш референдум за отворање рудник за антимон

by irena 22:20
22:20

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски се огласи по повикот од СДСМ за распишување референдум за евентуално отворање рудник за антимон во регионот.

„Кога ќе заврши сè, кога ќе се изгаснат камерите и ќе замолчат нападите, јас пак ќе бидам тука. Затоа што јас немам друг дом. Освен Крива Паланка. Мојата фамилија живее тука. Моите деца растат тука. И имам само една должност – да ја заштитам Крива Паланка. Затоа што ова не е туѓ град. Ова е мој дом. И никој не го сака повеќе од мене!“, порача Митовски.

СДСМ преку соопштение побара од Митовски да распише референдум на кој граѓаните ќе одлучат дали сакаат отворање рудник за антимон.

Причина за дополнителни тензии е ставот на градоначалникот, кој се изјасни спротивно на партиската линија, предлагајќи одлуката за инвестицијата да се донесе по сеопфатна анализа, а не веднаш преку референдум.

Од партијата наведоа дека ваквите проекти носат сериозни здравствени ризици и потсетија на негативни искуства од рударски активности, оценувајќи дека одлуката не смее да се носи без директно изјаснување на граѓаните.

„Народот на Крива Паланка треба да се праша преку референдум. Градоначалникот не може да одлучува сам“, порачаа од СДСМ, додавајќи дека копањето антимон претставува ризик за здравјето и животната средина.

Слични вести