Поради невремето, наместо во Скопје авион од Цирих слета во Приштина

by irena 21:18
21:18

Авионот на компанијата „Еделвајс“ кој полета од Цирих во 18 часот, поради невремето во Скопје не можеше да слета на скопскиот аеродром, па по 20-минутно кружење пилотот реши авионот да слета во Приштина.

Голем дел од патниците во авионот се македонски државјани.

Овој авион требаше да слета на скопскиот аеродром во 20 часот.

Слични вести