Полициска акција во Арачиново – запленети два килограми марихуана

by jadranka 10:32
10:32
Претрес во скопско Арачиново, лишено од слобода едно лице, пронајдени над два килограми марихуана, соопштува Минстерството за внатрешни работи.- На 24.07.2026 од страна полициски службеници од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје по Наредба на Основен кривичен суд Скопје извршен е претрес во дом и други простории кај Б.Н.(25) од Арачиново, скопско.

При претресот пронајдени се над два килограми наркотична дрога марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана.

Б.Н. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот против истиот ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик по итна постапка – нагласуваат во објавата.

 

Слични вести