Полицијата пукаше во Арачиново, возач со камион тргнал кон нив

by irena 10:07
10:07

– На 24.05.2026 околу 12:00 часот на влезот во село Арачиново, скопско, полициски службеници дале знак за запирање на товарно возило натоварено со дрва, но возачот не застанал и продолжил со движење. Потоа, возачот го насочил товарното возило кон полициските службеници и службеното возило, по што полициските службеници испукале предупредувачки куршуми во воздух. Возачот ги истоварил дрвата на улицата и со возилото се дал во бегство, информираа од полицијата.

Повредени лица нема, дрвата се предадени на Шумска полиција, а се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и возилото.

Слични вести