57
Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија, во содејство со полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, денеска извршила е претрес на дом и други простории кај С.Б.(23) од село Брест, скопско.
Како што соопшти МВР, при претресот пронајдена е поголема количина кокаин, а С.Б. е лишен од слобода во Полициска станица Гази Баба по член 215 од Кривичниот законик и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Од видеото што го објави МВР може да се види дека кокаинот е пронајден под бебешко кадифено мече.