Почина пожарникар во Тузла – му се слоши при интервенција на терен

by irena 11:00
11:00

Според неофицијални информации, во Тузла се случила трагедија за време на интервенција за гаснење шумски пожар.

Како што пренесуваат локалните медиуми, на еден од пожарникарите кои учествувале во гаснењето на пожарот му се слошило за време на интервенцијата, по што неговите колеги и медицинскиот персонал се обиделе да му помогнат.

Според истите информации, била извршена реанимација, но и покрај напорите да му се спаси животот, пожарникарот починал.

Во моментов нема официјална потврда од надлежните институции за смртта на пожарникарот, ниту пак подетални информации за тоа што им претходело на здравствените компликации.

Исто така, идентитетот на починатиот сè уште не е официјално објавен.

Слични вести