Почина 70 годишник од гевгелиско село – со тракторот падна во река

by irena 14:00
14:00

МВР информира дека вчера претпладне во 09:15 часот вo ОВР Гевгелија е пријавено дека на ул. „Костадин Зупов“ во с. Смоквица, гевгелиско, трактор „Тома Винковиќ“ со приколка со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од Р.Б.(75) од Гевгелија, излетал од патот и паднал во речното корито на река Мешкавица.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил неговиот сопатник Ж.Г.(70) од с. Смоквица, констатирани во Општа болница Гевгелија.

Р.Б. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, од каде во 23:15 часот е добиено известување дека починал.

За настанот е известен јавен обвинител.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија.

Слични вести