Почина 64 годишник во Богданци – со тракторот удри во бетонски ѕид, па се преврте

by irena 13:57
13:57

МВР информира дека вчера попладне во 18:50 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека ул. „Мирче Ацев“ во Богданци, трактор „фергусон“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од Ѓ.С.(64) од Богданци, удрил во бетонски ѕид и се превртел.

Од здобиените повреди на местото починал Ѓ.С., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија.

Слични вести