По средбата со Путин, Трамп разговараше со Зеленски и со лидерите на ЕУ и НАТО

by vlatko 10:36
10:36

Американскиот претседател Доналд Трамп разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски и европски и НАТО претставници, по состанокот со рускиот претседател Владимир Путин во Алјаска.

Зеленски соопшти дека планира да се сретне со американскиот претседател Трамп во Вашингтон во понеделник, откако, како што рече, имал „долг, значаен“ разговор со Трамп откако американскиот лидер се сретнал со Путин.

„Го поддржуваме предлогот на претседателот Трамп за трилатерален состанок меѓу Украина, САД и Русија. Украина нагласува дека клучните прашања можат да се дискутираат на ниво на лидери и дека трилатералниот формат е погоден за ова“, порача Зеленски.

Портпаролката на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека Трамп разговарал повеќе од еден час во саботата наутро со Зеленски, но и со британскиот премиер Кир Стармер, францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц, генералниот секретар на НАТО Марк Руте.

Според соопштението од украинското претседателство, Трамп прво разговарал со Зеленски, а потоа во разговорот се приклучиле и други европски лидери. Белата куќа, исто така, ја потврди поканата.

Слични вести