Пијан возач со тракторот удри во автомобил, па побегна

by irena 13:05
13:05

Пијан возач на трактор удрил во автомобил и избегал. Откако полицијата го пронашла му измерила 1.99 промили алкохол во крвта.

– На 17.03.2026 во с. Костин Дол, општина Македонска Каменица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Делчево го лишиле од слобода Л.Ј.(56) од с. Костин Дол. Претходно, тој со трактор, кој го управувал, удрил во патничко возило „фолксваген пасат“ со регистарски ознаки на Македонска Каменица, сопственост на Г.М.(42) од истото село, по што го напуштил местото – информираа од полицијата.

Уапсен е престапникот, па по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични вести