Насилникот од Тафталиџе на обвинителна клупа седнува на 30 март

by irena 13:00
13:00

Стојанче Јовановски ќе седне на обвинителна клупа во предметот што се отвори по трагедијата во Тафталиџе, а првото рочиште во Основниот кривичен суд Скопје е закажано за 30 март.

Обвинението беше поднесено на 13 март од Основното јавно обвинителство Скопје и на обвинетиот му се ставаат на товар три кривични дела телесна повреда како продолжено дело на семејно насилство, загрозување на сигурноста и наведување и помагање во самоубиство.

Според обвинителството, постапката се однесува на подолг временски период на психичко и физичко малтретирање, како и на настаните од 2 март, по што обвинителството оцени дека постои основ за кривично гонење.

Во обвинителниот акт е опфатен и предлог за продолжување на мерката притвор поради опасност од бегство и можност да продолжи со насилнички дела.

Слични вести