Пијан возач изгуби контрола над возилото, па удри во училница во Германија

by irena 18:40
18:40

За време на настава во основно училиште во областа Тибинген во Германија, се случи инцидент каков што не се памети, кога автомобил ненадејно проби ѕид од училницата, при што беа повредени три десетгодишни деца.

Четириесет и седумгодишен маж од Полска возел низ улиците на мирниот град Ротенбург. Околу 10:20 часот наутро, тој изгубил контрола над своето „БМВ“, излетал од патот и удрил во неколку контејнери кои моментално се користат како привремени училници.

Децата внатре биле на час.

Според полицијата, силниот удар расфрлал остатоци низ просторијата. Како последица на тоа, три десетгодишни ученици од основното училиште биле повредени од паѓањето на остатоците.

Две од нив морале да бидат пренесени во болница со возило на брза помош.

Третото дете било земено од родителите. Уште седум ученици требало да бидат подложени на лекарски прегледи.

Во несреќата тешко бил повреден возачот, кој бил под дејство на алкохол.

Слични вести