Пијан тетовец си го претепал својот татко

by irena 16:48
16:48

Синоќа во 21:00 часот на улицата „Ленин“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода 43-годишен тетовец.

Еден час подоцна, во 22 часот, во полиција се јавил неговиот 67-годишен татко, кој пријавил дека околу 20:30 часот во семејниот дом, по претходна вербална расправија, неговиот син започнал агресивно да се однесува, да го навредува и да му упатува закани.

При извршеното алкотестирање било утврдено дека 43-годишникот имал 1,05 промили алкохол во крвта.

Слични вести