Пијан охриѓанец заврши зад решетки – возел со 2,41 промили алкохол во крвта

by irena 13:53
13:53

МВР информира дека вчера попладне во 18:39 часот, на магистралниот пат Охрид – Подмоље, полициски службеници го лишиле од слобода С.С.(47) од Охрид, откако при сообраќајна контрола било утврдено дека управувал патнички автомобил „фиат“ со охридски регистарски ознаки под дејство на алкохол.

При извршеното алкотестирање, кај возачот биле измерени 2,41 промили алкохол во крвта.

Возилото е одземено, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик за кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“.

Слични вести