Малолетник ја украде банкарската картичка на дедо му, па со пехчевец (21) извадија од неа над 2.500 евра

by irena 14:11
14:11

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против И.В.(21) од Пехчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Пријавениот поттикнал малолетник да одземе банкарска картичка од неговиот дедо и без негова согласност и дозвола од банкомат во седум наврати подигале парични средства, при што на оштетениот му нанеле вкупна материјална штета во вредност од 156.000 денари.

Слични вести