Пијан кавадарчанец утринава со автобилот излета од патот – се трезнеше во полициска станица

by irena 14:18
14:18

МВР информира дека утринава во 07:00 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Д.Ј.(29) од село Глишиќ, кавадаречко.

Претходно, на регионалниот пат Неготино – Кавадарци, тој со патничко возило „фиат“ со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал, излетал надвор од коловозот, соопштија од МВР.

При преземање мерки во врска со незгодата, било констатирано дека го управувал возило под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,96 промили алкохол во крвта.

Слични вести