Пецаков прогласи победа во Охрид: „Историска победа! Ви благодарам Охриде!“

by irena 20:42
20:42

Актуелниот градоначалник на Охрид, Кирил Пецаков, по завршувањето на гласањето и првичните резултати од локалните избори, на социјалните мрежи објави порака со која ја прослави својата победа.

„Историска победа!!! Ви благодарам Охриде!!“ – напиша Пецаков, додавајќи дека „од утре уште појако одиме!“.

Објавата на градоначалникот за кратко време доби голем број честитки и реакции од граѓаните.

Според првичните информации, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ убедливо води во Охрид, што ќе му овозможи втор мандат на чело на општината.

Слични вести