179
Националната алијанса за интеграција – НАИ прогласи победа во првиот круг на Локалните избори 2025 во две општини.
Арбер Адеми соопшти дека Липково и Пласница ќе имаат градоначалници од редовите на НАИ.
„Со победа во првиот круг избори во Липково е завршен изборниот процес и без втор круг Еркан Арифи победи со сооднос 3:1. Исто така изборите завршија во Пласница, каде што нашиот кандидат ја заокружи целосно победа со сооднос 2:1 со противкандидатот кој доаѓаше од Турската демократска партија“ – рече Адеми.