Петрушевски: Во опозицијата се случува циркус

by vlatko 12:33
12:33

Додека надлежните од власта работат на сите полиња што води кон подобри услови во државата за секој еден граѓанин, во опозицијата се случува хаос, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека премиерот Христијан Мицкоски деновиве има динамична агенда во САД, насочена кон привлекување нови инвестиции во Македонија, продлабочување на партнерствата со САД и НАТО и изнаоѓање начини за забрзување на процесот за членство во ЕУ.

-Во меѓувреме, во опозицијата наместо консолидирање и размислување што би им понудиле реално на граѓаните, се случува циркус. Од една страна Венко Филипче и талогот на СДС, од друга страна поранешни функционери на СДС, но и актуелни се поставуваат контра Филипче. И во сиот овој циркус, Филипче наместо да си ја гледа домашната работа, тој ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ. Се додека за Филипче само другите се виновни, СДС тешко дека може да се извлече од дното – изјави тој.

Слични вести