Песков: Русија ја спроведува воената операција во Украина сè додека не се исполнат услови за дипломатија

by irena 14:16
14:16

Русија ќе ја продолжи специјалната воена операција сè додека не ги постигне сите цели, но е подготвена да го пренасочи процесот на дипломатско-политичко поле доколку се укаже можност, изјави за новинарите портпаролот на рускиот претседател – Дмитриј Песков.

– Во овој момент ќе направиме сè за да обезбедиме Специјалната воена операција да продолжи сè до исполнување на сите поставени цели и задачи. И доколку има можност процесот да се префрли на политичко-дипломатско поле, тогаш тоа ќе биде направено, рече тој.

Според него, Европејците го провоцираат Киев на сите можни начини да го продолжат конфликтот.

– Нашата армија знае што прави. Сè е направено за да се обезбеди безбедноста на нашата земја и интересите на нашата земја, изјави Песков пред новинарите.

Според него, испораката на ракетите „Томахавк“ во Украина би можела да доведе до квалитативно ново ниво на ескалација.

Слични вести