Патот Струмица-Берово е целосно во прекин поради сообраќајка

by valentina 07:56
07:56

Регионалниот пат Струмица – Берово од утрово е во целосен прекин поради сообраќајната незгода што се случила синоќа, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Несреќата се случила синоќа во 22:10 часот на местото викано „Сарајска раскрсница“.

Како што соопштија од АМСМ, сообраќајот од утрово се одвива непречено по наместа влажни коловози.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Сепак, како што додаваат од АМСМ поради летните одмори се бележи зголемена фрекфенција на возила.

Слични вести