Отруено бебе во Србија – наместо вода во шишето, бабата ставила медицински бензин

by irena 15:53
15:53

Драма се одвивала денес во градинка во општина Блаце (во Србија), бидејќи 18-месечно бебе се затруло. Брзата помош веднаш реагирала, пренесуваат медиумите во соседството.

Под ознаката итно, во придружба на педијатар, бебето е префрлено во Општата болница Прокупље, а потоа оттаму во Клиничкиот центар во Ниш.

Според првичните информации, најверојатно бабата на детето по грешка ставила медицински бензин во шишето со вода.

Според информациите од одредени медиуми, се сомнева дека симптомите на труење биле откриени за време на престојот на детето во групата од градинка.

Како што се дознава, кога на детето утрово му се слошило, никој на почетокот не знаел за што се работи.

Персоналот на градинката веднаш повикал брза помош.

Слични вести