Осум лица од Кавадарци упаднале кај сограѓанин

by vlatko 14:29
14:29

Осум лица од Кавадарци упаднале кај сограѓанин, му ја искршиле влезната врата и покуќнина, а потоа и физички ги нападнале него и сопругата.

„На 18/19.10.2025, во периодот од 22:05 до 01:25 часот во ОВР Кавадарци е извршен службен разговор со О.Ј.(45), 44-годишната Н.Ј., 41-годишната У.Ј., 35-годишната Е.Ј,. А.Ј.(23), К.Ј.(25), Ш.Ј.(40) и С.С.(28), сите од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека ја скршиле влезната врата од домот на 40-годишен кавадарчанец, а потоа  во  домот, кршеле покуќнина, предмети за домаќинство и физички ги нападнале него и неговата сопруга“, информира МВР.

По целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Слични вести