До 13 часот гласале 20,12 отсто од избирачите

by vlatko 14:14
14:14

До 13 часот, од добиени информации од 3.207 избирачки места, од 1. 666. 298 запишани гласачи гласале 335.244 или 20,12 отсто од избирачите, соопшти Државната изборна комисија.

Најголема излезеност има во Богданци, Вевчани, Градско, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Кратово, Крива Паланка, Лозово, Новаци, Ранковци и Чашка.

Најмала излезеност досега има во Босилово, Врапчиште, Гази Баба, Гостивар, Дебар, Желино, Јегуновце, Маврово и Ростуше, Пласница, Радовиш, Струга и Шуто Оризари.

Слични вести