На 14.02.2026 во 21:05 часот на регионалниот пат Тетово-Јажинце, во с.Непрошево, општина Теарце, полициски службеници од Полициско одделение Теарце го лишија од слобода Е.З.(18) од с.Џепчиште, тетовско.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници извршиле преглед на паркирано патничко возило „сеат алтеа“ со тетовски регистарски ознаки, при што било констатирано дека Е.З. го управувал возилото пред да се стекне со право за управување со моторно возило, односно без возачка дозвола. По наредба на јавен обвинител, лицето е лишено, а возилото е одземено.
Истиот ден, на локалниот пат с.Палатица-с.Озормиште, тетовско, полициски службеници од Полициско одделение Групчин го лишија од слобода Ј.В.(20) од с.Стримница, тетовско.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека го управувал возилото без положен возачки испит, по што возилото е одземено.
По документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.