Одложено зонското паркирање во Аеродром, Д12 нема да стартува од 1 април

by irena 22:09
22:09

Почетокот на зонското паркирање во зона Д12 – Реонски Центар во Општина Аеродром се одложува, соопшти ЈП Градски паркинг Скопје, по насоки од Град Скопје и Општина Аеродром и по барање на граѓаните.

Од претпријатието информираат дека наместо на 1 април 2026 година, зоната нема да започне со работа сè додека не се завршат сите неопходни подготовки и усогласувања.

„По насоки од Град Скопје и Општина Аеродром и во интерес на граѓаните и нивното барање за одложување на почеток на зонското паркирање на зона Д12 – Реонски Центар, Јавното претпријатие ‘Градски паркинг’ – Скопје ги известува граѓаните дека се пролонгира започнувањето со работа на зоната, предвидено за 01.04.2026, сè до комплетирање на сите неопходни активности“, соопштија од претпријатието.

Како што се наведува, одложувањето значи и целосно усогласување на сообраќајниот проект за новите зони, како и поставување на соодветна сигнализација.

„Тоа подразбира целосна усогласеност на сообраќајниот проект за зонско паркирање за новата зона Д11 – Ново Лисиче и поставување на соодветна вертикална и хоризонтална сигнализација“, соопштија од „Градски паркинг“.

Од таму посочуваат дека целта е воведувањето на зонското паркирање да биде спроведено без дополнителен притисок врз граѓаните.

Слични вести