170
Се огласија со соопштение за трагедијата во Кисела Вода која се случи утрово и во која смртно настрада еден работник, а тројца се повредени.
– Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место на локација во Кисела Вода, каде при одрон на градилиште еден работник го загуби животот, а тројца беа повредени. Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на починатиот, наведуваат од ЈО.
Во насока на испитување на причините за несреќата и почитувањето на прописите за заштита при работа постапуваат и Државниот инспекторат за труд и општински градежен инспектор.