„Признанието на вина и осудителната пресуда изречена за една од обвинетите во предметот „Онкологија” е потврда за основаноста на наводите во обвинението поднесено од Основното јавно обвинителство Скопје.
Висината на санкцијата за стореното кривично дело ја одредува Судот, а обвинителството се уште не ја добило пресудата и образложението за изречената казна.
По приемот, јавното обвинителство ќе донесе одлука дали ќе вложи жалба во однос на висината на санкцијата“ – соопштија денеска од Обвинителство како реакција на коментарите во јавноста во врска со пресудата на Кривичниот суд во која онкологот Мери Пешевска заработи условна казна во висина од 2 години која ќе стане ефективна доколку во наредните 5 години таа стори ново кривично дело. Инаку таа призна вина, па нејзиното кривично дело беше одвоено од останатите и постапката заврши прва.
Се очекува реакцијата на Обвинителство, односно дали ОЈО ќе вложи жалба на судската одлука.