Обвинителство за Богданци: Првичните сомнежи упатуваат на убиство и самоубиство

by irena 14:43
14:43

„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија изврши увид на лице место и издаде повеќе наредби за обезбедување докази со цел да се испитаат причините за настанот“ соопштија од Обвинителство во врска со трагедијата во Богданци во која се пронајдени две безживотни тела на млади лица.

Од ОЈО велат дека „Издадена е наредба за обдукција на телата на починатите, а обезбедени се и снимки од видео надзор“.

„Првичните индиции упатуваат на убиство и самоубиство, меѓутоа настанот ќе биде во целост испитан“ се вели во соопштението на Обвинителство.

Слични вести