Oбвинетиот Лазар Захариев: Единствено се каам што не спасив повеќе луѓе во „Пулс“!

by irena 15:14
15:14

Единствено за што каам е што не успеав да спасам повеќе луѓе.

Ова денеска го изјави обвинетиот Лазар Захариев, кој беше дел од обезбедувањето на дискотеката „Пулс“, ангажиран од Агенцијата за обезбедување на фирмата „Рубикон“.

Неговиот бранител наведе дека Захариев за него е херој бидејќи кобната ноќ во „Пулс“ спаси повеќе од 70 луѓе.

Адвокатот кажа дека тој не бил задолжен за организирање на безбедносно-сигурносниот систем во објектот и дека дејствијата што требало да ги преземе според обвинението не биле дел од неговите работни задачи.

На денешното рочиште воведни зборови дадоа и адвокатите и обвинетите екс градоначалници на Кочани, Ратко Димитровски, Николчо Илиев и Љупчо Папазов.

Поранешниот градоначалник на Кочани, Ратко Димитровски, рече дека бил единствениот кој ги алармирал државните органи пред 13 години дека не треба да се издава лиценца за работа на објектот.

Обвинетиот Папазов рече дека досега не сакал да зборува за да не ја попречува истрагата. Наведе дека сè што можел да направи за време на трагедијата е да ја мобилизира и да ја стави на располагање целата администрација на истрагата. Другата работа што ја направил е поднесувањето оставка од морални причини.

„Ќе имаме можност да зборуваме кога ќе ги истакнеме доказите во текот на судењето. Само сакам да констатирам дека во оваа судница ќе бидат изнесени многу аргументи и факти кои можеби нема да се допаднат некому, но ќе бидат првиот чекор дека сме на вистинскиот пат кон утврдување на вистината” – рече ексградоначалникот на Кочани.

Слични вести