187
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд.
Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 16 степени.
До вторник ќе преовладува претежно стабилно време, а во среда повторно се очекуваат локални врнежи од дожд.