Изборен молк: Гласаат затворениците, болните и немоќните

by vlatko 08:22
08:22

Во текот на денешниот ден, во рамки на локалните избори гласаат 2.162 затвореници и лицата во домашен притвор, 8.851 болни и немоќни лица и 442 лица во старските домови.

Во земјава утре ќе се одржат осмите локални избори од независноста на државата, а четврти на кои се избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје.

Ќе се гласа на 3.474 избирачки места за 309 кандидати за градоначалници и 576 кандидатски листи за членови на општинските совети или за вкупно 10 490 кандидати.

На изборите учествуваат 22 партии, 19 коалиции и 119 групи на избирачи, односно независни кандидатури.

Право на глас имаат 1.832.415 гласачи, од кои 1.717.803 во земјата додека останатите 112 илјади се запишани во посебниот Избирачки список со лица кои се иселени од државата.

Гласање во дијаспората за локалните избори нема, но доколку лицата кои се на привремена работа или живеат во странство допатуваат во земјата ќе можат да го остварат своето право на глас.

Изборната кампања заврши синоќа на полноќ кога почна молкот пред гласањето в недела на 19 октомври.

Правилата за изборен молк важат до 19 октомври во 19 часот.

Слични вести