181
Променливо облачно време со сончеви периоди најавуваат за денеска од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во попладневните часови облачноста ќе се намали, а во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе биде од 3 до 10 Целзиусови степени, а дневната ќе се движи во интервал од 11 до 19 степени.
Во Скопје времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец.
Температурата ќе биде од 10 до 18 степени.
За утре се најавува сончево време со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец.
Температурата утре ќе се искачи до 20 степени.
Како што најавува УХМР, следува период на стабилно време, освен во среда, кога ќе има локални врнежи од дожд.