157
Денес се спроведе гласањето на болните или немоќни лица, лицата кои се на издржување на казна затвор или се во притвор и лицата кои се пријавиле за гласање, а се сместени во установите за вонсемејна грижа.
Од вкупно 8.856 болни или немоќни лица кои можат да го остварат своето право на глас на овие локални избори, до 20:30 часот своето право на глас го оствариле вкупно 7.935 гласачи.
Од вкупно 2.162 лица кои се на издржување казна затвор или притвор, од нив своето право на глас до 18:30 часот го оствариле 1.400 гласачи.
Во установите за вонсемејна грижа, до 18:30 од 442 лица сместени во овие установи гласале 297 гласачи.
Гласањето за сите овие категории на гласачи се одвиваше непречено и без никакви проблеми и недоследности.