Новиот систем донесе хаос за влез во ЕУ

by vlatko 13:09
13:09

Откако започна примената на новиот систем за евиденција на влез и излез (EES) започна и хаосот на граничните премини на земјите членки на ЕУ.

Новите процедури најмногу ги засегаат државјаните кои доаѓаат од земји надвор од Европската Унија, вклучително и од Македонија и регионот, каде што патниците сега се соочуваат со детални проверки и регистрација при секое преминување.

Тоа резултира и со конкретни примени на редици, гужви на граничните премини, но и пропуштени летови, како случајот во Милано каде од лет за Манчестер успеале да се качат само 34 патници од вкупно 156, додека останатите го пропуштиле летот поради долгите проверки.

По неколку часа се чекаше за влез во Хрватска од соседните БиХ, Србија и Црна Гора, каде на дел од патниците и покрај долгото чекање, на крајот не им бил одобрен влез во Хрватска.

Туристичките организации предупредуваат дека хаосот дополнително ќе се зголеми на почетокот на летната туристичка сезона.

Слични вести