Нови правила за влез во ЕУ за возачите на комбиња и лесни камиони од 1 јули

by valentina 08:52
08:52

Новите правила за меѓународен патен транспорт во Европската Унија стапуваат на сила на 1 јули, со што се донесуваат значајни промени за сопствениците на комбиња и лесни камиони. Според новите прописи, сите лесни комерцијални возила и комбиња со максимална дозволена маса, заедно со приколката, помеѓу 2,5 и 3,5 тони, кои вршат меѓународен превоз на стока, ќе мора да бидат опремени со паметни тахографи од втора генерација (G2V2).

Овие уреди ги евидентираат граничните премини, местата каде што се товари и истоварува стока, како и активностите на возачот додека вози.

Новата обврска се однесува на лесни комерцијални возила кои учествуваат во меѓународен транспорт или каботажа, односно транспорт на стока во друга земја.

Досега, обврската за инсталирање на тахограф важеше главно за возила со тежина поголема од 3,5 тони, но европските правила, кои постепено се воведуваат од 2023 година, сега ги вклучуваат и помалите возила што учествуваат во меѓународен транспорт.

Слични вести