Во Венцуела е прогласена вонредна состојба откако два разорни земјотреси го потресоа главниот град Каракас во рок од неколку секунди. Според официјалните бројки, првиот земјотрес бил со јачина од 7,2 степени, додека вториот, уште поразорен, бил со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала.
Шпанскиот весник „Ел Паис“ објави дека најмалку 32 лица загинале, повеќе од 700 се повредени, а се стравува дека бројките ќе се зголемат.
Официјалните владини власти сè уште не дале ниту груба проценка за вкупниот број на смртни случаи во земјата. Геолошкиот завод на Соединетите Американски Држави (USGS) објави пресметки дека, по вториот силен земјотрес, постои 44 отсто шанса бројот на жртви да надмине 10 000, а дури и 30 проценти шанса да загинат повеќе од 100 000 луѓе.