1
Фудбалската репрезентација на Македонија го доживеа вториот пораз во Лигата на нации.
Вечерва во Љубљана, Словенија ја победи Македонија со 2:0. Националниот тим и во шестиот натпревар под водство на селекторот Гоце Седлоски не успеа да постигне гол.
По лошото прво полувреме од двете репрезентации, Словенците поведоа во 55-та минута со голот на Ловрич.
Во 82-та минута Матко го постигна вториот гол и ги реши сите делеми.
Македонија во наредната рунда, во сабота ќе ја пречека Шкотска.