Нов ирански напад врз државите во Заливот, експлозии и сирени во Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби

by irena 09:22
09:22

Иран денеска изврши голем ракетен и беспилотен напад врз неколку градови во Заливот, меѓу кои Доха, Кувајт Сити, Дубаи, Абу Даби и Манама. Во повеќе земји беше активирана воздушната одбрана, а низ регионот одекнаа силни експлозии.

Во Дубаи беа пријавени две експлозии и прелети на борбени авиони, додека во Доха и Абу Даби се слушнале гласни детонации. Кувајтските власти соопштија дека противвоздушната одбрана пресретнала непријателски цели над крајбрежјето и на северот од земјата, без жртви.

Во Бахреин избувна пожар на брод во индустрискиот град Салман, предизвикан од фрагменти од пресретната ракета. Еден работник загинал, а двајца се тешко повредени. Одбранбените сили соопштија дека успешно одговориле на нападите и дека сите системи се во состојба на максимална подготвеност.

САД, Саудиска Арабија и други арапски земји ги осудија нападите, оценувајќи ги како сериозна ескалација што ја загрозува регионалната стабилност. Министрите за надворешни работи на земјите од Советот за соработка во Заливот на итен состанок ги нарекоа нападите „дрски и неоправдани“ и потврдија дека ќе преземат сите неопходни мерки за заштита на безбедноста и суверенитетот.

Слични вести