Невреме во Сплит, оштетен е стадионот на Хајдук

by irena 10:02
10:02

Силна бура го погоди Сплит и околните области околу 9 часот утрово. Бурни ветрови, силен дожд и град предизвикаа големи проблеми низ целиот град – паднаа дрвја, снема струја, а бројни патишта беа под вода.

Иако небото од раните утрински часови навестуваше дека може да има бура, граѓаните на Сплит, се чини, сепак беа изненадени од нејзиниот интензитет. Сè започна околу 8:50 часот наутро, кога силен ветер почна да разнесува работи, проследен со силен дожд и град.

Улиците на Сплит одекнуваат од звуците на сирените, додека службите за итни случаи постојано интервенираат.

Граѓаните масовно повикуваат на помош. Иако точниот обем на штетата сè уште не е познат, првите проценки укажуваат на значителни материјални последици.

Еден од читателите испрати до Index.hr фотографија од стадионот „Пољуд“, на која се гледа дека и овој објект претрпел штета поради невремето.

Слични вести