Кога израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска ја отвори 80-тата сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, околу стотина делегати од различни земји станаа и ја напуштија салата во знак на протест против израелската политика во Газа.
Иако израелските дипломати и дел од публиката се обидуваа да го прикријат тоа со гласно ракоплескање и стоење, празните места беа јасно видливи.
Службениците на ОН постојано повикуваа на ред поради метежот што настана во салата, а од галеријата се слушаа извици на незадоволство и свирежи.
Американската делегација остана на своите места, додека палестинската мисија претходно ги повика државите координирано да ја напуштат седницата штом Нетанјаху почне да зборува.
Како и во минатото, Нетанјаху држеше визуелно помагало – мапа на регионот насловена како „ПРОКЛЕТСТВОТО“. Тој ја обележа со голем маркер.
На почетокот од својот говор, Нетанјаху им се обрати на заложниците кои останаа во Газа.
-Минатата година стоев на оваа говорница и ја покажав оваа мапа. Таа го покажува проклетството на иранската терористичка оска. Оваа оска го загрозува мирот на целиот свет – рече тој.