378
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја прифати поканата да се приклучи на „Комитетот за мир“ на американскиот претседател Доналд Трамп, објави денеска канцеларијата на Нетанјаху.
„Премиерот Нетанјаху објави дека ја прифатил поканата на американскиот претседател Доналд Трамп и дека ќе се приклучи како член на Комитетот за мир, кој ќе го сочинуваат светски лидери“, соопшти канцеларијата.
Одборот првично беше замислен да ја надгледува реконструкцијата на повоената Газа, но неговата повелба, не се чини дека ја ограничува неговата улога на палестинската територија, а членовите мора да платат до 1 милијарда долари за постојано место во него.